Солскјер: Не ми е јасно ова правило на УЕФА…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со малку повеќе среќа стигна до победата над Вест Хем со 2:1.

Екипата на Оле Гунар Солскјер во овој меч обата погодоци ги постигна од белата точка, а сигурен реализатор беше Пол Погба.

Тренерот на екипата од „Олд Трафорд“ даде интересна изјава по мечот кој го искоментира дуелот, но и мечот против Барселона кој се играше на „Камп Ноу“.

„Се извлековме денес и освоивме три бода. За некоја година никој нема да се сеќава дека сме играле лошо ако завршиме помеѓу првите четири екипи“, истакна Солскјер.

„И во вторник имаме натпревар кој може да им биде на умот на играчите“, додаде Норвежанецот.

„Не разбирам зошто играме во среда и потоа во вторник? Другите играат во вторник, па во среда, тоа е моја мала примедба кон УЕФА“, истакна Солскјер помеѓу останатото по мечот.