Солскјер пратил скаути да ја следи ѕвездата на италијанскиот фудбал: Јунајтед го „лови“ со 60 милиони фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го пратил својот личен скаут да го следи фудбалерот на Фиорентина, Федерико Киеза.

„Дејли Мејл“пренесува дека Сајмон Велс бил присутен на натпреварот помеѓу Фиорентина и Милан кој се одржа минатиот викенд.

Велс директно на Солскјер му ги кажал импресиите од Киеза и наводно паднал договор да се тргне по играчот кој импресионира со своите игри оваа сезона.

22 годишниот фудбалер е проценет на 60 милиони фунти, сума која Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати.