Сонот на Малдини: Напаѓач од Премиерлигата кој го одби Наполи, ќе потпише за Милан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Паоло Малдини бара нови засилувања за Милан, кој следната сезона ќе игра на три фронта, и тоа во Лигата на шампиони, Серија А и Купот на Италија.

Италијанските медиуми пишуваат дека негова главна желба во летниот преоден рок е фудбалерот на Челси, Хаким Зијех.

Зијех не е во најдобри односи со тренерот Томас Тухел и има понуда од Наполи, но тој сака да потпише за Милан.

Поранешната ѕвезда на Ајакс има 28 години и неколку сезони играше на врвно ниво, пред да се пресели во Премиерлигата, каде што не го покажа својот квалитет.

Зијех минатата сезона настапи на 39 натпревари за освојувачот на Лигата на шампиони, а притоа постигна само шест голови.