Сопругата на Коби го тужи шерифот од Лос Анџелес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарот Коби Брајант, поднесе тужба против шерифот во Лос Анџелес затоа што дел од нивните полицајци направиле фотографии од несреќата во која настрада кошаркарот.

Во тужбата пишува дека осум полицајци стигнале на местото на несреќата и веднаш ги извадиле мобилните телефони, по што ги фотографирале децата, родителите и тренерот кои настрадаа.

Исто така, фотографиите биле споделени надвор од кругот на истрагата, што го смета за злосторство и кршење на законот.