Сопругата на турската легенда откри: Ова се невидени симптоми, бојата кожата му се смени…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Турција, кој ги бранеше боите на Барселона во минатото, Рушту Речбер се бори за неговиот живот. Пред неколку дена, тој беше примен во болница, откако докторите потврдија дека е болен од коронавирус.

Турските медиуми ја обвинија неговата сопруга Исил, кој по доаѓањето од патување во САД не останала во самоизолација 14 дена, туку била во козметички салон и загрозила многу животи.

Во овие моменти Исил не е загрижена за медиумскиот линч на кој е изложена, па се надева дека нејзиниот маж ќе излезе како победник.

„Лага е тоа што се пишува, не сум била во козметички салон. Излегов само еднаш, но не ме интересира линчот во моментов, важно е само да оздрави Рушту. Минатите три дена беа критични, имаше температура, но и необични симптоми. Чувствува голема слабост, едвај се движи, загуби апетит и неговата боја на кожата му се промени…“, вели неговата сопруга.