Специјална награда за Алиоски и Лидс на манифестацијата „The Best Awards“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот во кој настапува нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски се закити со специјална награда на манифестацијата„The Best Awards“.

Имено, Лидс Јунајтед заедно со нивниот менаџер Марсело Биелса беа избрани за фер-плеј тим на годината.

Тоа веројатно се должи на чистата игра на теренот поради која клубот го доби ова признание. Инаку што се однесува до фер-плеј активностите, јавноста во Англија остана зачудена по ова признание затоа што токму Лидс се најде во центарот на голем скандал кога беше обелоденето дека ги шпиунира тренинзите на противниците со цел да извлече повеќе за нивната тактичка поставеност на теренот.