Спектакуларна најава: Ѓоковиќ е прва ѕвезда на Мастерсот во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На два месеци пред почетокот на Мастерсот во Мадрид, главниот град на Шпанија е исполнет со плакати со ликот на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ги освои шпанските навивачи, а за тоа доказ е најновата фотографијата која ни доаѓа од престолнината на Шпанија.

Турнирот во Мадрид се игра во период од 26 април до 8 мај, а тоа треба да биде јубилејно 20. издание на турнирот во Шпанија.

Турнирот до 2008 година се играше во затворено на бетон, а од 2009 година премина на отворени терени со земја, кога го презема местото на Хамбург во Мастерс серијата.

Ѓоковиќ славеше трипати, исто како и Роџер Федерер, а рекордер е Рафаел Надал со пет освоени трофеи.

Неодамна и градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида потврди дека Ѓоковиќ ќе биде пречекан во градот без разлика дали е вакциниран или не.