Србија „гори“: Нуркиќ по испаѓање од ЕП ги навреди Србите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ и другарите испаднаа од Европското првенство (ЕП), а по поразот од Литванија даде контроверзна изјава која ја налути Србија.

Ѕвездата на Портланд трејлблејзерс го критикуваше судењето, но и политичката ситуација во Босна и Херцеговина и го навреди српскиот народ.

„Знаете како функционираат некои работи кај нас. Имаме двајца Босанци, тројца Херцфеговци и тројца кои не знам како да ги наречам“, кажа Нуркиќ и тоа предизвика реакции кај нашиот северен сосед.

БиХ остана без место во осминафинале, каде што ќе играат Словенија, Франција, Германија и Литванија од истата група.