Срцето му е скршено, ова е порака на Лука Модриќ до Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи што Хрватска некогаш имала, Лука Модриќ, не може да го скрие големото разочарарување после завршувањето на ЕП за неговата репрезентација.

Видовме колку тажен беше Лука Модриќ, фудбалерот на репрезентацијата на Хрватска.

Причината ја знаете сите, пораз од Португалија во рамките на осмина финалето. Сите пробаа да го утешат, па и Кристијано Роналдо, но во тоа очигледно не успееја.

Два дена после елиминацијата од ЕП Лука Модриќ се почувствува должен кон навивачите кои беа со репрезентацијата цело време, па се огласи на Инстаграм.

„Ни нудевте навивачите поддршка која ќе ја памети цел живот. Ни пруживте нас, со зборови неописливо чувство, припадност и гордост на играчите на Хрватка. Бескрајно сум тажен што не ве усреќивме со резултат. Со надеж дека вашата фантастична поддршка и заедништво повторно ќе биде наша сила, и во идниот циклус ќе дадаме се од себе со нашите игри и резултати да се заблагодариме што сте со нас. До тогаш луѓе, ИСКРЕНО ВИ БЛАГОДАРАМ“, напиша Лука Модриќ.