Стерлинг ги помина медицинските прегледи – ќе биде промовиран во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг ќе ја продолжи кариерата во Челси, откако реши да го напушти Манчестер сити бидејќи не ја добива посакуваната минутажа.

Веќе неколку недели англиските медиуми пишуваат за тоа дека Стерлинг речиси сигурно ќе потпише со Челси, а денеска ги поминал и медицинските прегледи, по што треба да се случи само негова промоција.

Стерлинг се договорил за соработка до 2027 година со опција истата да биде продолжена за уште една сезона, а Челси за неговите услуги ќе треба да плати околу 55 милиони евра.

Овој 27-годишен фудбалер играше за „граѓаните“ седум години и притоа настапи на 339 натпревари и постигна 131 гол, а претходно го носеше дресот на Ливерпул.