Стерлинг го удрил Гомез на тренингот на Англија? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На тренингот на Англија пред квалификацискиот меч со Црна Гора се случи мал инцидент, откако Џо Гомез и Рахим Стерлинг се „фатиле за гуша“, по што морале да реагираат останатите фудбалери за да не се случи поголема тепачка.

„Дејли Мејл“ пишува дека бил избегнал поголем инцидент, а дека не станувало збор за обична караница, доказ е лицето на Гомез, кој има лузна.

По тензиите англискиот селектор реши да го исфрли Стерлинг од репрезентацијата, а Англичанецот потоа се огласи на социјалните мрежи.

„Џо и јас имавме расправија. Готово е со тоа!“, порача Стерлинг за инцидентот кој се случи на тренингот, а како причина се споменува неодамнешното дерби меѓу Ливерпул и Сити.