Стојановски го оперираше коленото, ќе мора да паузира до шест месеци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар и капитен на македонската репрезентација, Војдан Стојановски имаше успешна операција на коленото откако се повреди пред неколку дена.

Гравелин објави дека нивниот кошаркар имал успешна операција во Австрија и дека сега го очекува рехабилитација македонскиот кошаркар.

Стојановски во понеделник ќе се врати во Скопје, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата, која би можела да трае до шест месеци.