Стојоски на Велигден урна државен рекорд стар 44 години (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот атлетичар Јован Стојоски урна уште еден државен рекорд на 400 метри со пречки.

Стојоски го освои првото место на митингот во Марибор на трката на 400 метри со време од 53,65 секунди.

Претходниот рекорд беше 55,11 секунди поставен во далечната 1980 година, па ова е нов рекорд по 44 години.