Страшен пад: Норвешки скијач заврши во заштитната ограда (Видео)

Еден од најдобрите скијачи во светот Александер Амод Килде нема да ја памети по добро трката во Венген, каде што имаше страшен пад.

Килде загуби контрола и заврши во заштитната ограда, по што доби медицинска помош, а потоа со хеликоптер беше пренесен во болница.

Норвежанецот остана неподвижен на снегот пред да стигне медицинската екипа, а поради тоа трката беше прекината половина час.