Страшна повреда на Нејмар – со солзи во очите изнесен од теренот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвај славеше со 2-0 против Бразил, но резултатот на натпреварот падна во сенка на страшната повреда на бразилскиот фудбалер Нејмар.

Нејмар во минатото често глумеше, но овој пат доби незгоден удар од Де Ла Круз по што падна и почна да бара медицинска интервенција.

Според неговата реакција може да се забележи дека станува збор за сериозна повреда поради која го чека пауза.

Фудбалерот на Ал-Хилал со солзи во очите беше изнесен од теренот, а по медицинските прегледи ќе биде констатирано колку време ќе паузира надвор од фудбалскиот терен.