Стрикленд го симна Адесања од тронот (Видео)

Нигериецот Израел Адесања го загуби шампионскиот појас во средна категорија во борбата против Американецот Шон Стрикленд.

Стрикленд ја доби борбата со едногласна судиска одлука (49-46, 49-46 и 49-46) и стана нов шампион, иако не се очекуваше такво нешто пред борбата.

Американецот најави дека е можно чудо уште во првата рунда, по што Адесања на момент се врати во битката, меѓутоа немаше решение за расположениот Стрикленд.