Судијата го „украде“ Ѓоковиќ со неверојатни грешки: Србинот одговори со – триумф! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ дури трипати беше оштетен во текот на полуфиналниот меч на Мастерсот во Рим со Каспер Руд.

Првпат судијата го оштети Ѓоковиќ во важен момент, кога Руд сервираше за освојување на првиот сет.

Тогаш неговиот сервис беше во аут, но судијата се најде во расправија со Ѓоковиќ, кој не успеа да го убеди дека топчето завршило во аут.

Втората ситуација која се случи во првиот гем од вториот сет, кога уште едно топче на Руд заврши во аут, но главниот судија не го забележа тоа.

И потоа уште еднаш на сервис на Руд судијата не забележа дека топчето е во аут, по што Србинот се изнервира.