Судијата кој двапати прекина меч предвреме: Бог ми го спаси животот! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Мали и Тунис (1-0) во Африканскиот Куп на нации се „прослави“ благодарение на судијата Џани Сиказве, кој направи неверојатен скандал со тоа што двапати го прекина мечот предвреме, и тоа прво во 85. минута, а потоа во 89.

Тоа предизвика гнев кај репрезентативците и селекторот на Тунис, кои го нападнаа, па мораше да реагира и обезбедувањето за да го спаси Сиказве од линч.

„Докторите ми кажаа дека температурата на моето тело не се намалува. Ако поминев уште некое време на теренот, ќе завршев во кома и тоа ќе беше мојот крај. Бог ми испрати порака да го прекинам натпреварот и ми го спаси животот. Гледав луѓе како од работа ги враќаат во ковчег, а тоа лесно можеше да ми се случи и на мене“, вели Сиказве.