Светски рекордер уапсен во бар за време на полициски час


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот светски рекордер и учесник на Скопскиот маратон, Вилсон Кипсанг Кипротич бил уапсен за време на полициски час во Кенија.

Маратонецот се најде меѓу 20 лица, кои биле уапсени во бар во Кенија откако конзумирале алкохол и се забавувале во забрането време.

Во Кенија е прогласена вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот и полицискиот час трае од 7 до 17 часот.

Претходно годинава беше обвинет дека уништил примероци предвидени за допинг-тест, поради што беше суспендиран.

Маратонецот во 2012 година го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон, а победуваше и на најголемите светски маратони во Њујорк и Токио во минатото.