Тајсон изгледа како ѕвер пред борбата со Пол (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот боксер Мајк Тајсон ќе се бори против јутјуберот Џејк Пол на 15 ноември во Тексас.

Тајсон е постар од Пол дури 30 години, но пред борбата се наоѓа во одлична форма и поради тоа добива голем број пофалби.

Боксерот на социјалните мрежи објави фотографија од своите подготовки, а Пол веднаш му коментираше.

„Фер игра, Мајк. Неверојатен си, како Хул, но ќе те уништам“, напиша Пол.