Танкоски замина од Битола и го засили Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот ракометар Марио Танкоски денеска потпиша договор со скопскиот гигант Вардар, откако претходно ја прекина соработката со Пелистер.

Танкоски потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ и ќе ја засили позицијата на централен бек, откако Вардар претходно се раздели со Мартин Карпалевски и Косуке Јасухира.

Вардар претходно ангажира уште неколку ракометари, меѓу кои се Младен Крсманчиќ, Мигел Пинто, Дмитро Горига и Ашреф Маргели.