Таткото на Мегваер бил прегазен во стампедо на „Вембли“ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот на Англија, Хари Мегваер откри дека неговиот татко заработил сериозни повреди во стампедото кое се случи на „Вембли“ меѓу навивачите пред финалето на Европското првенство (ЕП).

На видео-снимките кои се појавија на интернет може да се забележи дека Англичаните направија вистински хаос и предизвикаа многу тепачки, а Мегваер во изјава за медиумите потврди дека неговиот татко настрадал во инцидентите.

„Да, мислам дека падна во стампедото. Заработил неколку повреди на ребрата. Како што реков, беше страшно, зборувавме и ми кажа дека навистина била ужасна сцена и дека се исплашил. Не сакам никогаш повеќе да видам такво нешто на фудбалски натпревар, посебно не во големо финале какво што беше тоа во неделата“, кажа Мегваер.