Тажни вести во Рим: Почина таткото на Тоти од корона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тажни вести пристигнуваат од Италија, односно од Рим, а станува збор за таткото на поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти.

Енцо, таткото на Тоти, почина по компликации предизвикани од ковид-19. Тој се лекуваше во болница, а утрово го загуби животот на 76-годишна возраст.

Пред неколку години преживеа срцев удар, но овој пат не беше посилен од коронавирусот, па го загуби својот живот.

Оваа вест тешко им падна на сите во Рома, па и на навивачите кои испратија пораки за поддршка на поранешниот капитен.