Тебас по одлуката за Сити: Судот во Лозана не им е дораснат на стандардите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ја критикуваше одлуката на Судот за спортска арбитража кој му ја поништи казната на Манчестер сити и тие ќе може да настапат во европските натпреварувања.

Судот ја одби одлуката на УЕФА, а притоа ја намали паричната казна за „граѓаните“ од 30 милиони евра на само 10 милиони евра.

„Треба прво да потврдиме дали ЦАС е вистинско тело за одлуки во фудбалот. Швајцарија е земја со голема историја во арбитража, но ЦАС не им е дораснат на стандардите“, кажа Тебас.

Тебас и во претходните години ги критикуваше газдите на Манчестер сити, а кога УЕФА ги казни, тој беше меѓу првите кој ја поддржа таа одлука.