Тен Хаг ги носи Де Јонг и Де Лихт во Манчестер јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед оваа зима најверојатно нема да купува големи засилувања, но тренерот Ерик Тен Хаг веќе има планови за идното лето и сака да ангажира двајца поранешни фудбалери на Ајакс.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ пишува дека Тен Хаг сака да го купи Матијас Де Лихт од Баерн Минхен, кој има голема конкуренција во тимот. На листата со желби на Холанѓанецот се наоѓа и Френки Де Јонг од Барселона.

Англискиот гигант неодамна доби нов газда, односно британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф купи 25 отсто од акциите и сака да го врати тимот на славните патеки.