Тен Хаг го понижи Касемиро како никој досега (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера славеше против Брентфорд со два гола на Скот Мектоминеј во судиското надополнување (2-1), а по мечот се зборуваше и за одлуката на тренерот Ерик Тен Хаг да го замени Касемиро на полувреме.

Бразилецот направи грешка во првиот дел и му дозволи на ривалот да постигне гол за водство од 1-0, а одговорот на Тен Хаг беше искрен и брутален.

„Зошто го извадив Касемиро од игра? Сакав да играме повеќе со топката и да гледаме фудбал. Ми трбаше квалитетен играч кој ќе биде врска меѓу средината и нападот, затоа му дадов шанса на Ериксен“, кажа Тен Хаг.