Тен Хаг има „план Б“ ако пропадне операцијата за ангажирање на Де Јонг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед бара нови засилувања за следната сезона, а голема желба на тренерот Ерик Тен Хаг е талентираниот фудбалер на Барселона, Френки Де Јонг.

Де Јонг долго време се поврзува со трансфер во Јунајтед, но наводно фудбалерот не прифаќа преселба во Манчестер затоа што екипата не игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Барселона сака да го продаде Де Јонг затоа што ќе заработи многу пари и ќе може да ја покрие дупката во буџетот, по што ќе ги регистрира новите засилувања.

Доколку пропадне планот на Тен Хаг да го купи Де Јонг, тогаш има и втора опција, а тоа е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, кој долго време се поврзуваше со трансфер, но сепак остана во Рим.