Тен Хаг: Требаше да им дадеме четири гола, а исто така Барселона заслужи црвен картон!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра 2-2 на гостувањето кај Барселона во првото коло од нокаут-фазата во Лига Европа, а тренерот Ерик Тен Хаг смета дека требало да победат.

Тен Хаг кажа дека судијата Маурицио Маријани не покажал црвен картон за Жил Кунде поради прекршок врз Маркус Рашфорд.

„Кога гостувате кај најдобриот во Шпанија и вие сте екипа која доминира, тоа е навистина добро. Требаше да победиме и да дадеме четири гола. Имавме многу шанси кои не ги реализиравме. Исто така, го прашав судијата зошто не досуди прекршок и тој кажа дека не постоел контакт. Судијата Маријани не покажа ниту црвен картон за Кунде“, се пожали Тен Хаг.