Тен Хаг во „секој момент“ може да донесе вонсериски дефанзивец на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерик Тен Хаг познава голем број фудбалери во Холандија и планира еден од нив да донесе во Манчестер јунајтед.

Најнова желба на тренерот на „црвените ѓаволи“ е дефанзивецот на Ајакс, Јури Тимбер, кој трпеливо чека повик од Тен Хаг.

Тимбер беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед и минатото лето, но не договори такво нешто, па сега се чека летниот преоден рок.

Овој 21-годишен фудбалер успешно ги покрива речиси сите позиции во одбраната, освен тие на левата страна од теренот.

За услугите на Тимбер е заинтересиран и Баерн Минхен, но Јунајтед е фаворит за Тимбер поради Тен Хаг.