Теодосиќ донесе конечна одлука – станува еден од најплатените кошаркари во Европа!?


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Капитенот на српската репрезентација, Милош Теодосиќ во моментов е слободен кошаркар, па бира нов клуб, а за неговите услуги се заинтересирани многу клубови.

Теодосиќ имал понуди од ЦСКА Москва и Макаби Тел Авив, но според еден кошаркарски сајт, искусниот плејмејкер ќе потпише тригодишен договор со Виртус од Болоња, освојувачот на ФИБА Лигата на шампиони, а од следната сезона е учесник во Еврокупот.

Истиот извор објави дека Теодосиќ станува еден од најплатените кошаркари во Европа, но не е објавен износот на неговите примања.

Теодосиќ е без клуб од февруари, кога го напушти Лос Анџелес Клиперс.