Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прегледот со магнетна резонанца покажа дека Мило Теодосиќ е повреден и нема да настапува на Светското првенство во Кина поради неговото стапало.
Теодосиќ претходно имаше проблеми со повреда на стапалото во Лос Анџелес Клиперс, а 32-годишниот плејмејкер го пропушти и Европското првенство во 2017 година поради повреда.
Според последните информаци, повредата ја обновил на почетокот на мечот со Литванија во Белград во саботата.
Не е познато кој ќе ја носи капитенската лента на Мундобаскетот, зашто и Милан Мачван нема да биде во тимот на Србија.
Теодосиќ за српскиот национален тим настапуваше од 2007 година, кога како 20-годишно момче дебитираше за репрезентацијата.