Тепачка во НБА-лигата: Летаа боксови на мечот меѓу Орландо и Минесота (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На дуелот меѓу Орландо и Минесота се случи физичка пресметка меѓу Остин Риверс и Мо Бамба, по еден шут за три поени.

Летаа боксови на сите страни, а прво Риверс го удри Бамба, по што интервенираа останатите кошаркари.

Патот кон соблекувалната им беше покажан на Риверс, Бамба, Џејден Мекданиелс, Џејлен Сагс и Тореан Принс.

За хаосот зборуваше и Остин, синот на Док Риверс.

„Го прашав што прави по ѓаволите, не мислев дека тоа ќе предизвика тепачка. Сепак, кога ќе станеш од клупа и ќе кренеш рака… Се обиде да ме удри, но за среќа промаши“, кажа Остин.