Тевез пред 17 дена замина во пензија, а сега стана тренер!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Карлос Тевез објави пред 17 дена дека заминува во пензија, а денеска беше промовиран како тренер на Росарио Централ.

Аргентинскиот прволигаш објави дека поранешниот напаѓач на Јувентус, Манчестер сити и Манчестер јунајтед потпишал едногодишен договор.

Росарио по четири кола се наоѓа на 22. место во конкуренција на 28 клубови, а од 12 можни бодови, тимот освои само четири.

„Заминувам во пензија, ви потврдувам. Многу клубови ми нудеа богатство. Имаше понуди од МЛС-лигата, но тоа не е за мене. Мојата последна година од кариерата беше тешка, но можев да го гледам татко ми. Престанав да играм фудбал затоа што го изгубив најверниот навивач“, кажа Тевез.