Тежок пораз за Салихамиџиќ во битката со Флик!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ очигледно не е омилен кај навивачите на гигантот, кои уште еднаш во анкета покажаа дека повеќе го почитуваат Ханси Флик.

Салихамиџиќ важи за човек кој создаде непобедлив тим минатата сезона, но навивачите на Баерн не му веруваат повеќе.

Во период додека се зборуваше за заминување на тренерот, голем број анкети се појавија во германските медиуми.

Откако неодамна 84 проценти од 35.000 навивачи во емисија гласаа за заминување на „Салихамиџиќ“, сега и „Кикер“ направи голема анкета.

Од речиси 320.000 гласови, дури 93,2 проценти од навивачите сметаат дека Флик е поважен човек за Баерн од Салихамиџиќ.