Тикет на денот (недела, 07.01.2024)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најпрво да ви ги честитаме божиќните празници со желба за многу здравје и успех. Ние и во новата година секојдневно ќе ви претставуваме предлог тикет на денот. Ова е нашиот избор за денес.

Рома – Аталанта – ГГ @ 1.91 во Mozzart

Првиот дуел за денешниот тикет ни доаѓа од италијанската Серија А каде што во Рим ќе патува тимот на Аталанта. Најпрво да напомнеме дека и двете екипи обезбедија пласман понатаму во италијанскиот куп, поточно два тима победија на натпреварите пред неколку дена. Рома игра доста променливо во последно време и најдобар доказ за тоа ни се резултатите од последните пет првенствени натпревари. Аталанта е за нијанса во подобра форма, но на овој натпревар мотивот е огромен, па ние решивме да го избегнеме конечниот исход. Типуваме ГГ со квота 1.91 во Mozzart.

Арсенал – Ливерпул – ГГ @ 1.62 во 22Bet

Пред скоро 2 недели овие две екипи се сретнаа во рамките на Премиер лигата, а сега повторно ќе се борат за Купот. Тогаш Ливерпул беше домаќин и имавме натпревар без победник бидејќи тој дуел заврши со резултат 1-1. Арсенал запиша два последователни порази од Вест Хем и Фулам, но тоа до некаде можеби се должи на згуснатиот распоред. Ливерпул пак во тој ист временски период оствари две убедливи победи против Барнли и Њукасл. Да се типува англиско дерби е навистина тешка задача, но головите не би требало да изостанат. Типуваме ГГ  со квота 1.62 во 22Bet.

Малага – Сосиедад – 2 @ 1.50 во 20Bet

Шпанскиот куп ќе спои две екипи кои се од различен ранг. Малага е дел од третата лига во Шпанија, а според досега прикажаните резултати може да заклучиме дека имаат сериозни намери за да се вратат во Сегунда. Сосиедад пак влегоа во реми серија, поточно четири пати ремизираа од кои три пати во првенството и еднаш во рамките на Лигата на шампиони. Според букмејкерите, Сосиедад е фаворит, а и не би требало да се соочат со проблеми на овој натпревар. Наш предлог е 2 со квота 1.50 во 20Bet.

Истанбулспор – Фенербахче – 3+ @ 1.45 во Bet365

Истанбулспор поради одлука на турската фудбалска федерација има 3 бода помалку, а лошите игри кои ги прикажуваат досега се најголема причина за да бидат убедливо на последната позиција во турското првенство и како што стојат работите тие се најголеми фаворити за преселба во понизок ранг. Фенербахче се во тесна борба со Галатасарај за првата позиција и искрено ние предвидуваме возбудлива завршница во оваа земја. Ефикасноста на овој дуел не би требало да изостане и типуваме 3+ со квота 1.45 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3656.73

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk