Тикет на денот (недела, 28.01.2024)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште една фантастична недела е пред нас. Ќе се игра фудбал ширум светот, а ние за вас составивме одличен тикет за кој сметаме дека има големи шанси за пролаз. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

ПСЖ – Брест – ГГ @ 1.80 во Mozzart

Првиот натпревар за денешниот тикет ни доаѓа од француската Лига 1 каде што ќе се сретнат две екипи кои се во фантастична форма, поточно на Паркот на Принцовите кај ПСЖ ќе пристигне тимот на Брест. Домаќините се на првото место на табелата и како што изминува времето тие создаваат се поголема и поголема предност, па повторно титулата е блиску до нив. Брест од друга страна е тим кој бележи фантастични резултати во оваа сезона, па оправдано се наоѓаат во зоната која води во Лигата на шампиони. И покрај тоа што ПСЖ е фаворит на овој дуел, ние поради одличната форма на двата тима одлучивме да типуваме ГГ со квота 1.80 во Mozzart.

Фиорентина – Интер – 2 @ 1.91 во 22Bet

Екипата од Фиренца се снајдува одлично во домашното првенство, а во последните две кола потфрли и направи два неочекувани киксови. Најпрво беа поразени од Сасуоло, а потоа ремизираа против Удинезе, па може да кажеме дека на овој натпревар не влегуваат со голема самодоверба. Интер пак пред неколку дена го освои првиот трофеј во 2024 година така што успеа да го победи тимот на Наполи во италијанскиот супер Куп. Овде сметаме дека гостите се поблиску до трите бода и типуваме 2 со квота 1.91 во 22Bet.

Борусија Дортмунд – Бохум – 1/1 @ 1.95 во 20Bet

Делува дека Дортмунд излезе од кризата. Имено, овој тим запиша две последователни победи во првите две кола од новата година и повторно се доближи до зоната која води во Лигата на шампиони за следната сезона. За противник денес го имаат тимот на Бохум кој е на долниот дел на табелата и кој игра доста променливо. Сепак, на овој натпревар без многу сомнеж очекуваме дека „Милионерите“ ќе доминираат и дека ќе победат. Наш предлог е 1/1 со квота 1.95 во 20Bet.

Селта – Жирона – Х2 @ 1.44 во Bet365

Селта не може никако да се пофали оваа година со досегашните резултати кои ги остварија, а уште помалку со моменталната позиција која е многу поблиску до црвената зона отколку до зоната за Европа. Жирона од друга страна е хит во првенството и бележи фантастични резултати, а најдобар доказ за тоа ни е позицијата на врвот на табелата. Во последниот натпревар играа против Севиља и победија со резултат 5-1, па самодовербата во моментов им е на високо ниво. Наш предлог за овој натпревар е Х2 со квота 1.44 вo Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3659.65

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk