Тикет на денот (петок, 26.01.2024)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред нас е богат фудбалски викенд, но ќе биде возбудливо и на ракометните и тениските терени. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Каљари – Торино – 1Х&0-3 @ 2.01 во Mozzart

На Сардинија, секој меч за Каљари ќе биде мало финале. Секако, така ќе биде и со натпреварите на гости, но некако повеќе веруваме во Каљари кога игра на домашен терен. Моментално се надвор од зоната за елиминација и имаат само еден бод повеќе од Верона. На последните шест дуел на домашен терен се без пораз со 4 победи и 2 реми. Торино пак нема победено на последните пет гостински натпревари, но исто така и ретко прима голови. Од сето ова сметаме дека најлогично е да типуваме 1Х&0-3 гола со квота 2.01 во Mozzart.

Ајнтрахт – Мајнц – 3+ @ 1.94 во 22Bet

За Мајнц ова ќе биде вториот официјален натпревар во 2024 година со оглед на тоа што нивниот претходен натпревар беше одложен. На табелата се во зоната за елиминација со 11 бода, а толку имаат и Дамштад и Келн. Ајнтрахт во минатото коло имаше предност од два гола на гостувањето кај Дармштад, но за жал на крајот мораше да се задоволат само со еден бод. Нивната цел за оваа сезона е пласман во Европа, но за да го остварат тоа треба да останат барем на позицијата каде што се сега. Наш предлог за овој дуел е 3+ со квота 1.94 во 22Bet.

Тотенхем – Манчестер Сити – 2&2+ @ 1.84 во Bet365

Апсолутно дерби на 1/16 финалето од англискиот ФА Куп е мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити. Штета што овој дуел се игра во време на афричкото и азиското континентално првенство, па тимовите нема да бидат комплетни. Можеби на Тотенхем ќе им биде тешко бидејќи го немаат Сон, еден од главните играчи во тимот. Инаку овие два тима имале две седмици пауза од претходниот натпревар. Тогаш Сити славеше во драматичен натпревар во Њукасл и се освети за елиминацијата од ЕФЛ Купот. Тотенхем играше против вториот тим од Манчестер, а и тоа беше мал спектакл бидејќи заврши со резултат 2:2. Ние овде предност даваме на гостите и типуваме 2&2+ со квота 1.84 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3657.17

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk