Тинејџер загина во нередите меѓу навивачите на Мароко и Франција (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мароко загуби со 0-2 од Франција во полуфиналето на Светското првенство (СП), а навивачите по мечот направија хаос низ улиците на Монпелје.

Навивачите се истепаа меѓу себе, а притоа 13-годишен Мароканец го загуби животот откако во него удри автомобил.

Медиумите пишуваат дека се обидел да го земе француското знаме од возило во движење, по што возачот се обидел да избега и притоа го прегазил.