Тинејџерот откри како влета на мечот на Барселона: Ја скокнав оградата… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот од шпанската Ла Лига меѓу Мајорка и Барселона на почетокот на второто полувреме беше прекинат поради тинејџер кој влета на теренот.

Ова младо момче втрча на теренот во дресот на Аргентина со името на Лионел Меси, па се обиде да се фотографира со него.

Во тоа, сепак, не успеа. Доби само фотографија со Жорди Алба, но на крајот и неа мораше да ја тргне.

„Ова го планирав и пред вирусот. Меси е мојот идол и сонував да го запознаам и да се фотографирам со него. Ја скокнав оградата од два метри, дојдов до трибините и потоа втрчав на теренот. Прво го забележав Алба и се фотографирав со него, а потоа отидов до Меси, но тој не сакаше да се слика“, кажа момчето.