Тите потврди: Нејмар ќе заигра против Јужна Кореја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар се повреди на мечот против Србија, по што мораше да направи пауза, но сега е подготвен за осминафиналето против Јужна Кореја.

Бразил утре ќе се соочи против Јужна Кореја, а на денешната прес-конференција селекторот Тите кажа дека Нејмар ќе биде дел од екипата.

„Нејмар ќе игра. Тој тренира и ќе биде дел од натпреварот. Ако нема проблеми, тој ќе биде во првиот состав, но ве уверувам дека ќе играме со најдобрите фудбалери во моментов“, кажа Тите.