Титулата се врати на „Меаца“, Интер нов шампион на Италија!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Интер ја совладаа Парма во Милано со резултат 2:0 во натпреварот од 35. коло на италијанската Серија А.

Избраните на Кристијан Киву со вечерашната победа математички си обезбедија нова, 21. титула шампион на Италија во клупската историја и заслужено го добија епитетот најдобар тим во земјата.

Моментот за тоа се очекуваше веќе неколку недели, особено по неуспесите на Наполи и Милан, а денеска немаше дилема бидејќи „нероазурите“ ја оправдаа улогата на фаворити без поголеми проблеми.

Головите за победата ги постигнаа Маркус Турам и Хенрих Михтјарјан.