„ТЈ“ на „терен:“ Ги прашува Македонците за кого навиваат на Мундијалот 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паузата од двата дена пред вчерашните дуели ТЈ ја искористи за видео на терен, прво такво на каналот на „BMG Sports“.

Во видеото во „Градски Парк“ во Скопје водителот Јовица Симонски ги прашуваше случајните минувачи за кого навиваат на Светското првенство.

Најголем дел од оние кои одговараа на неговите прашања ја избраа Хрватска, иако треба да се знае дека видеото е снимено пред да се одиграат вчерашните полуфинални натпревари.