„Тоа беше симулирање! Дали е случајно што презимето му е Стерлинг?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рахим Стерлинг изнуди пенал против Данска од кој Хари Кејн постигна гол и ја однесе Англија во финале на Европското првенство (ЕП).

Многу љубители на фудбалот сметаат дека не постоел пенал и дека Стерлинг испаднал добар актер во случајов.

Интересна објава по падот на Стерлинг имаше рускиот ММА-борец и поранешен УФЦ-шампион, Петр Јан.

„Симулирање. Дали е случајно што презимето му е Стерлинг“, праша Јан кој помисли на својот пораз против човекот со исто презиме.