Томовски: Ќе направиме сѐ за победа против Пик Сегед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар сака да ја прекине серијата од порази во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), а шанса за такво нешто ќе има в четврток против Пик Сегед во „Јане Сандански“.

Македонскиот шампион беше поразен во Сегедин од унгарскиот гигант, па сега „црвено-црните“ се подготвени за одмазда, а голманот Мартин Томовски даде изјава за медиумите.

„Во Сегедин можевме до позитивен резултат, но сопствените грешки не чинеа пораз. Сега за овој натпревар ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. За нас ова е важен натпревар, последен на домашен терен и ќе направиме се за да победиме“, кажа Томовски.

Натпреварот помеѓу Вардар и ПИК Сегед се игра в четврток во „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961