„Топурија е добар напаѓач и ја искористи својата шанса против Волкановски“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грузиецот Илија Топурија го нокаутира австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски на УФЦ 298 настанот.

Волкановски го загуби појасот во перо-лесна категорија од Топурија, а тренерот на австралискиот борец, Џо Лопез смета дека Топурија ја искористил својата шанса.

„Разочаран сум од резултатот, затоа што Александар има многу подобри вештини. Топурија ја искористи својата шанса и победи“, кажа Лопез.

Волкановски по поразот побара реванш од Топурија, а Груизецот порача дека ќе прифати такво нешто само ако УФЦ испрати понуда.