Тоти: Ако не бев спортист, ќе работев на бензинска пумпа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минува и третата година, откако Франческо Тоти го одигра последниот меч во дресот на Рома. Годините минуваат, но таа дупка во срцата на навивачите на римскиот клуб остана.

Во овие тешки денови за Италија, Тоти беше гостин на „Скај Спортс“ каде што зборуваше за различни теми, а доби и прашање што ќе работел доколку не станел фудбалер.

„Ги сакам сите спортови и ќе тренирав било што. Сега сум добар во веслање, а претходно во тенис. А, ако не почнев со спот, тогаш ќе работев на бензинска пумпа затоа што го сакам мирисот на бензинот“, раскажува Тоти.

Италијанецот кажа дека заедно со колегите со кои ја освои светската титула во 2006 година решил да купат 15 респиратори и да донираат 350.000 евра за останата опрема.