Тоти ја стартува кариерата како агент, веќе нашол прв сериозен клиент за својата агенција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми неодамна потврдија дека фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње се одлучил да ја раскине соработката со контроверзниот агент Мино Раиола.

На Апенинскиот полуостров сега се шпекулира дека фудбалерот на Наполи преговара со Франческо Тоти кој неодамна отвори своја менаџерска агенција.

Токму Тоти би можел да го претставува Инсиње во следните години и голема е веројатноста дека брзоногиот италијански фудбалер ќе биде прв посериозен клиент на Тоти во неговата менаџерска агенција.