Трагедија: Капитен и тренер на босански тим загинаа во сообраќајка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалер и тренер на фудбалскиот клуб Слога од Босна и Херцеговина загинале во тешка сообраќајка, а уште тројца фудбалери се повредени.

На официјалната страна на екипата беше објавено дека во сообраќајката загинале капитенот Неџад Мујагиќ и помошник-тренерот Аднан Фајиќ.

Според информациите, тие биле во автомобил кој излетал од пат и паднал во река, при што Мујагиќ и Фајиќ се удавиле, додека останатите тројца успеале да се спасат.