Трагедија: Почина млад НБА-кошаркар! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Универзитетот Хомстед и Пердју, кој заигра и во НБА-лигата, Кејлеб Свониган почина на 25-годишна возраст.

Младиот кошаркар беше познат по прекарот „Биги“ поради неговата тежина, но ќе остане запаметен по тоа што сакаше да им помогна на сите кога им беше најпотребна помош.

Свониган беше избран на драфтот од Портланд Трејл блезјерс во 2017 година, но не играше во НБА-лигата до 2019 година.

Играше и за Универзитетот Пердју пред да оди на НБА-драфтот, а во текот на кариерата го носеше дресот на Портланд и Сакраменто кингс во најсилната кошаркарска лига.

Со американската репрезентација освои два Мундијала во младинските категории до 17 години.