Трајковски постави нов национален рекорд (Видео)

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала на натпреварувањето во Архус, Данска.

Трајковски скокна далечина од 7,67 метри и го освои второто место, а овој скок е за нијанса подобар од неговиот претходен рекорд – 7,65 метри во 2022 година.

Атлетичарот го има и македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено и истиот изнесува 7,91 метар.